Совети и трикови

BER:  тајната на добриот сигнал

BER (bit error rate), е еден од најкорисните показатели на квалитетот на сигналот кој прецизно ќе ви покаже дали вашата антена е поставена на добро место.

Вредноста на BER можете да ја најдете во:
мени/ технички подесувања/ сигнал/ BER

Ќе видите дека BER-ot варира со поместување на антената. Колку помал BER, толку постабилен сигнал.

Препорачуваме антената да ја наместите во позиција кога вредноста на BER се движи меѓу 0 и 200.
 

Трикови за владеење со далечинскиот
- во два клика

Најдолниот ред на далечинскиот, во само два клика ви ги нуди најчесто користените опции*.

- директно го отвора менито за избор на аудио

- директно го отвора менито за избор на превод

- директно ја отвора листата на канали

- директно го отвора менито за подесување на форматот на екран

*Овие подесувања важат само за каналот кој го гледате во моментот.
 

- што има на програмата

- наместо безмилосно да сурфате на телевизорот, на ОК можете до го отворите мини програмскиот водич, и без мрдање од каналот да ја извртите програмата што оди на останатите канали.

- директно го отвора комплетниот програмски водич на BoomTV
 

- универзални копчиња

- со иксот го затворате секое мени што сте го отвориле

- со "back" се враќате на претходниот канал или на претходното мени
 

- копчињата со букви

- го отвора комплетното мени на дигиталниот приемник

- го отвора мини менито, во кое може да го изберете аудиото на каналот, преводот, листата на канали и формат на екранот.

Дигитален приемник, во аналогни цели

Покрај понудата на дигитални канали, BoomTV приемникот може да ви послужи и за гледање на локалните аналогни канали кои се емитуваат во вашиот регион. (без притоа да треба постојано да вадите или менувате кабли.)

Се што треба да направите е со обичен антенски кабел преку антенскиот излез (бр. 9 на горната слика) да го споите приемникот со вашиот телевизор. По ова на телевизорот може да ги пребарате сите локални програми кои не се во нашата понуда.

Нешто за антените

Сигналот на BoomTV го примате преку обична ТВ антена. Нема посебен вид на антена за прием на дигитален сигнал.  Повеќето корисници ќе можат да ги искористат постојните антени доколку не се оштетени или погрешно насочени.

Еден од клучните фактори за квалитетот на вашиот сигнал е изборот на правилна антена, заради што изготвивме мапа на покриеност која треба да ви помогне во наоѓањето на соодветна антена.  Пред да купите антена, ви препорачуваме да ја најдете вашата локација на мапата за покриеност и во зависност од тоа да го направите изборот.

Бојата на мапата ја означува силината на сигналот.


црвена боја – зона во која сигналот може да го примате и со собна антена.

портокалова боја – зона во која приемот со собна антена е малку отежнат, меѓутоа, со надворешна антена се обезбедува сигурен прием.

жолта боја – зона во која приемот се обезбедува само со надворешна антена.

 

НАДВОРЕШНА АНТЕНА насочена кон предавателот гарантира сигурен и непрекинат прием на сигналот во која било зона на покриеност.

СОБНА АНТЕНА може да се користи во подрачјата кои се обележани со црвенa боја на нашата мапа на покриеност.  Во портокаловите подрачја можно е  да се јават потешкотии во приемот на сигналот со собна антена.

Доколку немате надворешна или собна антена, побарајте од Вашиот продавач да Ви препорача антена од нашата продажна програма.

Пред стартувањето на приемникот проверете дали антената е поврзана и насочена кон една од предавателните точки во ваша близина. Консултирајте се со продавачот на BoomTv пакетот.

Препорака: за добар прием користете ДИПОЛ внатрешни или надворешни антени.

Ако имате антена (внатрешна или надворешна) со засилувач и сепак постојат проблеми со приемот, намалете го или целосно исклучете го засилувачот.

Доколку користите собна антена, оддалечете ја од електронски уреди кои зрачат (WiFi рутери, микробранови печки, FIX GSM уреди...)

Постојната кабелска инсталација не може да се искористи за прием на дигитален сигнал.

За проверка на квалитетот на приемот, отворете го менито на приемникот, изберете:
технички подесувања > сигнал > јачина на сигналот.
Се препорачува вредноста да биде поголема од 40.

Потоа изберете:
технички подесувања > сигнал > BER
Се препорачува вредноста да биде помала од 200.

За какви било информации или решавање проблеми јавете се на 02/181

Уште неколку совети за крај

- Ако имате собна антена со засилувач и имате проблеми со приемот, намалете го или целосно исклучете го засилувачот.

- Постојната кабелска инсталација, не може да се искористи за прием на дигитален сигнал.

© 2010 BoomTV ONE