BoomTV

Што е BoomTV

Супериорен телевизиски пакет од најпопуларните  македонски и странски тв канали, кои безжично се пренесуваат со одличен  квалитет на сликата и звукот секаде во Македонија.

Изборот на канали кој го нуди BoomTV e идеален микс на сите атрактивни жанрови за македoнскиот гледач:  филмови, спорт, документарни програми, музика, забава, канали за деца и канали за возрасни.

За прв пат во Македонија, BoomTV се избори голем број познати светски ТВ канали да почнат да ги преведуваат своите програми и на македонски јазик.

За следење на програмите и сервисите на BoomTV не ви е потребен кабел, телефонска жица, интернет или нешто слично.  Ако имате телевизор, земете бесплатно BoomTV  дигитален приемник и уживајте веќе истиот ден.

 

       

 

„За да можете да ги користите новите функционалности на boom!tv треба да направите надградба на софтверот“.

  Како да направите надградба на софтверот?

Автоматско надградување на софтверот
Доколку сакате да направите автоматска надградба на софтверот, во моментот кога ќе ја добиете пораката за надградба на софтерот на ТВ екранот, исклучете го приемникот од струја и повторно вклучете го, со што при повторното вклучување ќе се активира опцијата за автоматска надградба на софтверот.


Детално упатство за опциите паузирање, снимање, потсетник можете да погледнете тука.

 

© 2010 BoomTV ONE