Си бил еднаш... Да Винчи

14:30 - 15:00
34. канал Da Vinci Learning, BoomTV

„Си бил еднаш...“ е анимирана серија што ја сакаат гледачите од сите возрасти. Преку анимирани карактери и со помош на главниот раскажувач Маестро, на забавен и едукативен начин се зборува за разновидни теми - од човековото тело и неговите функции до историјата на човекот и истражувачите. Серијата „Истражувачи“ ја раскажува приказната за дел од најзначајните истражувачи и откритија во историјата - од најраните математички теории до револуционерните идеи. Во оваа епизода ќе се запознаете со Леонардо да Винчи, еден од најголемите умови на сите времиња. Леонардо не бил само сликар, архитект или музичар. Бил гениј кого малкумина од тоа време го разбирале. Бил фасциниран од науката и успеал да ја комбинира со својата потрага по убавото. Дознајте повеќе за љубопитниот „лудак“, кој станал величина и инспирација за многумина. Вклучувајќи ја и оваа емисија.


 

© 2010 BoomTV ONE