Sportklub каналите на BoomTV!

Операторот на терестријална мрежа Диги Плус Мултимедиа на задоволство на корисниците објавува збогатување на платформата на BoomTV со четири нови ТВ канали.
Од 24 декември 2010 корисниците на BoomTV ја имаат можноста да уживаат во најатрактивните спортски содржини како што се aнглиската Премиер лига, НБА кошарка, европската УЛЕБ лига, тенис, хокеј и многу други спортови на програмите на познатиот светски спортски канал Sportklub и Sportklub+

кои како дел од дополнителниот пакет на BoomTV, промотивно, бесплатно ќе се емитуваат до 1 април 2011. Програмската понуда се збогатува и со содржините на косовската телевизија РТВ 21  и македонската телевизија на албански јазик ТВАЛБ.

Заради ограничувањата во фреквентните опсези, некои од каналите на платформата на BoomTV ќе бидат заменети.
Ова е уште еден доказ дека BoomTV се грижи да ги задоволи и најпребирливите барања за ТВ канали на корисниците.

© 2010 BoomTV ONE