Соопштение за јавност!

Жалиме што по толку време на изразување наводно незадоволство од условите понудени од Диги Плус Мултимедија, некои национални ТВ куќи никако не успеаа да дефинираат на што се должи тоа незадоволство и што всушност бараат тие. Штета е што одбиваат да ги дадат на увид договорите со останатите ТВ оператори, бидејќи ние сме подготвени веднаш да потпишеме идентични договори.

Сакаме да ја увериме и јавноста и засегнатите страни дека Диги Плус Мултимедиа не прави компромиси околу сопственичката структура ниту со нив ниту со некој од нивните конкуренти.
Како доказ на нашата добра волја и натаму сме подготвени сигналите на националните ТВ куќи бесплатно да ги пренесуваме до сите граѓани на Република Македонија без разлика дали се корисници на Боом ТВ или не.
Диги плус Мултимедиа воедно го информираше Советот за радиодифузија дека согласно Законот за радиодифузната дејност, подзаконските акти и дозволата за вршење радиодифузна дејност е предвидено дека доколку со одлука на Советот за радиодифузија се изрекува мерка кон радиодифузерите поради непочитување на законот, подзаконските акти и дозволата за вршење радиодифузна дејност, советот треба да го утврди и рокот кој не може да биде пократок од 7 дена во кој треба да се отстранат евентуалните неправилности.

Имајќи ја во предвид ваквата прецизна одредба сакаме да ја споделиме со вас шокираноста од рокот помал од 24 часа за спроведување на одлуката на Советот за радиодифузија, без право на жалба и елементарна правна поука.
Воедно од Советот за радиодифузија бараме разбирање и дополнителен рок од 30 дена со што би биле во можност навремено да ги информираме сите наши корисници за промената во програмската понуда во БООМ ТВ.
Диги плус мултимедиа ги информира корисниците дека се прават сите напори за законско надминување на проблемот со националните телевизии и сигурни сме дека ќе продолжат да уживаат во најдобриот ТВ сервис во Република Македонија.

© 2010 BoomTV ONE