Поставени 3 нови предаватели на BoomTV во: Кочанско, Битолско и Крушево!

Од 22 јануари жителите на околните населени места на Кочани може да ја следат безжичната дигитална телевизија, BoomTV, бидејќи е поставен предавател во селото Бурилчево. Истото важи и за битолскиот крај. Таму е пуштен сигнал во селото Мегленци. И најпосле одлична вест за крушевчани и сите кои имаат викендички во Крушево и околината, како и за туристите кои се чести гости во нашиот зимски центар - почна со работа предавателот на BoomTV. Останува само да се дојде до посакуваниот дигитален ресивер на BoomTV, а еве како брзо и едноставно да стигнете до него.

Освен регуларната прошетка до најблиската продавница на One, One to One и Германос, сопственик на BoomTV може да станете и преку нарачка на нашата интернет страна или со јавување на бројот 02/181.

Нарачката по интернет е крајно едноставна и брза. Треба само да го пополните формуларот од лево и во најскоро време ќе бидете контактирани од нашиот инфо центар за да ве информираат кога може да го подигнете вашиот BoomTV дигитален приемник.

За да нарачате по телефон (фиксен или мобилен) јавете се на бројот 02/181 а нашиот оператор ќе ги земе вашите податоци, ќе ја подготви целата потребна документација и ќе ве информира кога и каде може да го подигнете вашиот BoomTV дигитален приемник.

Мапа на покриеност

© 2010 BoomTV ONE